Прескокни до содржината
Сметко

Модули

Сметководство

Водете главна книга, подготвувајте даночни пријави и годишна сметка и пресметувајте плати. Користете ги документите што компанијата веќе ги евидентира во Сметко.

Вклучено во основниот систем

Без доплата

Започнете Пресметајте вкупна цена
Полињата на ДДВ-04 пресметани од документите на периодот.

Што можете да направите

Водете налози, бруто биланс, дневник и главна книга.

Подготвувајте ДДВ пријави, годишна сметка и данок на добивка.

Пресметувајте плати и подготвувајте МПИН.

Наменето за

За кого е наменето

Вклучете Сметководство кога Вашиот сметководител ги води книгите во Сметко. Истите документи се користат за главната книга, даночните пријави, платите и годишната сметка.

Ако сметководителот работи во своја програма, модулот останува исклучен. Од Финансии испратете ги документите, ДДВ книгите, изводите и благајничкиот дневник во еден ZIP пакет.

Погледнете го пакетот во Финансии

Производот во работа

Сметководство

Погледнете ги екраните за книжењето, даноците, средствата и платите.

Налози

Секое книжење влегува во нумериран налог од својот вид: ден на изводи, месец на фактури, пресметка на плати. Налогот се печати за потпис и се заклучува.

Книжењата на еден налог, со должи и побарува.

ДДВ пријава (ДДВ-04)

Пријавата се пресметува од документите на периодот, со проверките, XML датотеката за е-Даноци и налогот за плаќање.

Полињата на ДДВ-04 пресметани од документите на периодот.

Годишна сметка (ЦРСМ)

Билансите за Централниот регистар се пополнуваат од главната книга и се проверуваат со контролите на ЦРСМ пред поднесувањето.

Билансите по АОП и контролите на ЦРСМ.

Данок на добивка

Даночниот биланс (ДБ) се пресметува од годишната сметка и книжењата, со проверките и налогот КТБ.

Даночниот биланс пресметан од годишната сметка.

Средства и заеми

Следете ја амортизацијата на основните средства и распоредот за отплата на заемите.

Вредноста, амортизацијата и историјата на средството.
Главнината, каматата и распоредот за отплата.

Плати и МПИН

Месеците од годината на еден поглед, со пресметката за секој вработен, придонесите и МПИН.

Годината по месеци: пресметка, исплата и МПИН.
Пресметката за секој вработен и прегледот на придонесите.

Бруто биланс

Салдата на сите конта за избраниот период, со картица на конто, кумулативи, дневник и главна книга.

Салдата на контата за избраниот период.

Започнете со Сметко

Закажете демо за да ја разгледаме работата на Вашата компанија.