Усогласувајте банкарски изводи и водете благајна.
Модули
Финансии
Водете банкарски изводи, благајна, планови за плаќање и отворени ставки. Испратете му на сметководителот пакет со документи и евиденција за секој период.
Што можете да направите
Плаќајте според план, со датотека за банката и налози за пренос.
Следете отворени ставки, ИОС, компензации и опомени.
Производот во работа
Финансии
Погледнете ги екраните за банката, благајната, плаќањата и побарувањата.
Банкарски изводи
Увезете го изводот од банката: за секоја ставка „Сметко“ предлага комитент и документ, а сигурните предлози ги потврдувате одеднаш.
Благајна
Прегледајте ги уплатите, исплатите и состојбата во благајната.
Планови за плаќање
Изберете ги отворените фактури на добавувачите и даноците, одобрете го планот и извезете ја датотеката за банката. Секое плаќање се подготвува за книжење кога ќе пристигне изводот.
Отворени ставки и старост
Кој колку должи и од кога, по комитент, со старосната структура на побарувањата и обврските.
Усогласување (ИОС)
Испратете им на комитентите извод на отворените ставки и евидентирајте кој се согласува, кој оспорува и кој не одговорил.
Пакет за сметководителот
За компанија чии книги се водат надвор од „Сметко“: документите, ДДВ книгите, изводите и благајничкиот дневник за еден период, во една ZIP датотека.
Решенија со овој модул
Започнете со Сметко
Закажете демо за да ја разгледаме работата на Вашата компанија.
